Обамејанг замина во С. Арабија, потпиша за Ал Кадсија

62

Новајлијата во саудиската Про лига, екипата на Ал Кадсија на својата официјална веб-страница објави дека потпишала договор со напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг.

Детали за трансферот на 35-годишниот Габонец не се откриваат, но според инсајдерот Фабрицио Романо договорот е на две години.

Минатата сезона Обамејанг играше во Франциј аво дресот на Олимпик (М) за кој одигра 51 натпревар на кои постигна 30 голови и имаше 11 асистенции.

Исто така, треба да додадеме дека претходно Ал Кадсија потпиша договор со поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид, Начо Фернандез.

ПретходноПријателска: Работнички подобар од Гостивар (ВИДЕО)
СледноПолувреме: Шкендија губи од Ноа, елиминацијата се поизвесна (ВИДЕО)