Финалистот во Лигата на шампионите Борусија Дортмунд го доби очекуваниот нов централен напаѓач во лицето на Серху Гираси. 28-годишниот фудбалер доаѓа од Штутгарт, при што „жолто-црните“ ја активираа неговата откупна клаузула од 17,5 милиони евра. Договорот е за четири сезони.
Трансферот дојде откако интернационалецот од Гвинеја во минатата сезона воодушеви со 30 гола на 30 натпревари.
Медицинските тестови на Гираси првично покажаа дека ќе му треба операција на коленото, што се чинеше дека ќе го прекине неговиот трансфер во Борусија. Сепак, новите прегледи вчера објавија дека сепак нема да биде потребна операција.
Од Дортмунд го потврдија проблемот, но уверуваат дека Гираси треба наскоро да се опорави и да игра во текот на летото.
Welcome to the black and yellow family, Serhou! 🖤💛 pic.twitter.com/h8oIG1YeRb
— Borussia Dortmund (@BlackYellow) July 18, 2024