Пауновиќ со 18 одбојкарки го засилува темпото на подготовки во Маврово

84

И женската сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија го засилува темпото на подготовки пред квалификациите за ЕП 2026 кои не очекуваат во август. Под водство на селекторот Стефан Пауновиќ, 18 одбојкарки во Маврово, меѓу нив една интернационалка, Теа Терзиевска од Ретимно – Грција и една дебитантка, Марија Василева од Вардар ЕМ, работат на подготовка пред претстојните пресметки со Австрија и Грција.

Подготовките ќе се одвиваат во Маврово и во Крушево, а првиот квалификациски натпревар е дома со Австрија на 17 август, за потоа нашите девојки да играат со Грција на 28 август на гостински терен.

Во составот на Пауновиќ за овие квалификации се најдоа следните одбојкарки:

Техничарки: Ерјона Јонузи (Работнички Скопје), Софија Пандева (Наковски волеј), Јана Балов (Работнички Скопје)

Коректорки: Мила Дикова (Работнички Скопје), Антонија Баталаковска (Работнички Скопје), Мери Бошковска (Јанта волеј)

Примачки: Теа Терзиевска (Ретимно-Грција), Тамара Стојанова (Работнички Скопје), Мила Долдурова (Наковски волеј), Ирма Ѓурѓевиќ (Работнички Скопје), Добрина Хаџи Тосева (Струмица жени)

Средни блокерки: Марија Василева (Вардар ЕМ), Ана Павловска (Работнички Скопје), Симона Стојановска (Јанта волеј), Ива Стојковска (Јанта волеј), Мартина Николова (Работнички Скопје)

Либера: Емилија Попјордановска (Струмица жени), Надица Антеска (Јанта волеј)

ПретходноЛитванија со нов селектор против Македонија
СледноРабио си замина од Јувентус, која ќе биде следната дестинација?