Фудбалерите на Шкендија се чекор подалеку од 2. коло во квалификациите во Конференциската лига, откако по првото полувреме на реванш натпреварот против ерменска Ноа во Скопје се во негатива од 0:1. Гостите искористија една од две шанси во првите 45 минути и на пауза заминаа со заслужена предност.
Единствениот гол за Ноа во првиот дел беше дело на Мијатовиќ, човекот кој и минатата недела на првиот меч кој Ерменците го добија со 2:0 успеа да ја затресе мрежата на тетовци.
Во второто полувреме пред Шкендија е голема непремостива пречка, со оглед на предноста која гостите ја имаат од 0:3.
Goal: Aleksandar Miljković | Shkëndija 0-1 FC Noahpic.twitter.com/xG8a8Z2lsr
— PushGoals (@PushGoals) July 18, 2024