Прв пораз на ЕП: Младинците совладани од Франција – остануваат во игра за пласман од 9-12 место

160
Jan Gregorc / Rokometna zveza Slovenije

Македонската младинска репрезентација го запиша првиот пораз на Европското првенство во Словенија. Во последниот меч за првото место во групата во средната рунда избраниците на Раде Стојановиќ беа совладани од Франција со 18-25 (10-12). Овој пораз не го менува фактот дека „црвено-жолтите“ ќе играат за пласман од 9-12 место. Тие ќе вкрстат со првопласираниот тим од групата Ј, а дали ќе биде Унгарија или пак Словенија или Хрватска, ќе дознаеме вечерва.

Белистојановски, Стојановски, Калајџиески и Митев постигнаа по три гола. Брестовац имаше шест одбрани, Галевски една.

Франција отвори со 0-2, но нашите момци веднаш имаа одговор. Белистојановски, Кајалџиески Димковски, беа креатори на серијата од 4-0 за 4-2. Македонија имаше шанса за плус три, но не ја искористи. Нешто подоцна, повторно „црвено-жолтите“ можеа да поведат со три гола, не ги крунисаа одбраните на Брестовац при 6-4. Франција израмни на 6-6, а потоа по наши нови грешки поведе со 10-12, резултат на полувремето. Брестовац имаше шест одбрани, една од седум метри.

Jan Gregorc / Rokometna zveza Slovenije

Во првите пет минути нашите ракометари намалија на 11-12, но примија два гола за негатива од 11-14. Франција не застана тука, веќе на средината на второто полувреме поведе со 13-19. Нашите момци не успеаја да се вратат на оваа средба, Франција го диктираше темпото и без проблем го приврши овој меч во своја корист.

ПретходноЕХФ ги потврди „шеширите“, Вардар 1961 ја чека ждрепката од вториот
СледноМЗТ Скопје го завери Петков до 2027 година!