Фудбалерите на Работнички славеа со 2:1 во пријателски натпревар кој денеска во Скопје го одиграа против екипата на Гостивар. Ова беше прв контролен меч за екипата на Работнички ова лето во пресрет на новата сезона и прва остварена победа.
Романтичарите имаа предност и од 2:0, но во финишот на дуелот Гостивар со гол од пенал успеа да намали за конечни 2:1. Головите за работнички ги постигна Хуриќ, додека за Гостивар прецизен од белата точка беше Огузан.