Рабио си замина од Јувентус, која ќе биде следната дестинација?

367

Јувентус на својата официјална веб-страница го објави заминувањето на играчот од средниот ред Адриен Рабио.

Иако преговорите траеја долго, двете страни не можеа да се договорат за нов договор, додека стариот договор на Рабио му истече на 30 јуни 2024 година.

Така, Рабио веќ еима статус на слободен агент.

Францускиот репрезентативец минатата сезона одигра 35 натпревари, постигна пет гола и три асистенции. Во составот на „Старата Дама“ има вкупно 212 натпревари на кои постигна 22 гола. За него во моментов има повеќе заинтересирани екипи, најмногу од Премиер лигата.

ПретходноПауновиќ со 18 одбојкарки го засилува темпото на подготовки во Маврово
СледноЕП (У20): Младинците убедливо поразени и од Италија