Босански интернационалец во нападот на Силекс

149

Екипата на Силекс го засили нападот со босанскиот интернационалец, Ади Алиќ. 22-годишниот фудбалер доаѓа од кипарскиот Ахиронас-Онисилос.

Претходно во кариерата Алиќ има настапувано за Слобода Тузла и Слобода Нови Град. Мината сезона во дресот на кипарскиот клуб постигна седум гола на исто толку натпревари.

Силекс веќе одигра неколку контролни средби во рамките на подготовките за новата сезона Пелистер, Башкими, Кожув и Радник од Србија.

ПретходноНе е само Тадиќ, уште двајца фудбалери ја напуштаат репрезентацијата на Србија
СледноАртета донесе одлука за судбината на големата ѕвезда