Во Елбасан ечеше: “Убиј го Србинот“…Шишковски е херојот на Борац во пенал – серијата за пласман во следната фаза! (ВИДЕО)

5444

 

По се она што се случуваше на првиот меч во Бања Лука, очекувано беше вечерва во Елбасан да има нов скандал на мечот меѓу Егнатиа и Борац. Имено само што започна реваншот од 1.квалификациско коло во ЛШ, од трибините во Елбасан почна да грми:

“Убиј го Србинот“…

На барање на гостинската клупа, на чело со екс тренерот на Шкупи, Младен Жижовиќ, судијата Фабио Мареска ја прекина средбата.

Тој прекин траеше неколку минути по што мечот продолжи. На крајот резултатот гласеше 2:1, по што мораше да се оди во продолженија, ако се знае дека на првиот меч во Бања Лука тогаш шампионот на БиХ победи со 1:0. За Борац вечерва стартери беа Дамјан Шишковски и Себастијан Херера.

Откако немаше голови ни во продолженијата, се замина во пенал – серија.

Таму Борац ги реализираше сите четири пенали, првиот беше дело на Херера, а Шишковски, нашиот репрезентативн голман одбрани еден пенал на домашните, еднаш ја погодија и пречката па така со 1:4 за Борац само во пенал рулетот, тимот на нашиот голман се пласира во следната фаза.

ПретходноХероите на Шпанија од ЕП за Баскијците се предавници
СледноГотово е: Ракитиќ го раскинал договорот со Ал Шабаб, доаѓа во Хајдук!