Во Струга ТЛ да знаат: Пјуник ги елиминирал Победа, Тетекс, Вардар и Шкупи…нема пораз од македонски клуб!

1188

 

Откако вчера во Охрид нашиот шампион и во реваншот беше поразен од Слован Братислава во 1.квалификациско коло во ЛШ, сега се знае дека Струга ТЛ својот престој во Европа ќе го продолжи во Лигата на Конференции и тоа во 2.квалификациско коло и тоа против Пјуник од Ерменија. Првиот меч се игра во Охрид веќе во четврток (25.07.2024).

Се разбира дека Пјуник не е Слован, но во Струга ТЛ треба да знаат дека Ерменците секогаш си ги “мачкале“ македонските клубови.

Звучи неверојатно, но така е. Имено Пјуник досега во својата историја се сретнал со четири наши клубови во УЕФА натпреварувањата и не само што секогаш ги елиминирал нашите клубови туку на тие осум средби нема ниту еден пораз, шест победи и две ремија.

Зарем е можно?

Во 2004 година во квалификациите во ЛШ ја совлада Победа со 1:1 и 3:1. Потоа во 2013 година во 1.квалификациско коло во ЛЕ беше подобар од Тетекс со 1:0 и 1:1. Следуваше двомеч со Вардар во 2018 година во квалификациите во ЛЕ и тука беше подобар со 1:0  и и 2:0. И на крај во 2019 година, во квалификациите во Л тимот од Ерменија го мина Шкупи со 3:3 и 2:1.

Сепак, за се има првпат. Струга ТЛ е на потег.

ПретходноБарса со фантастично видео ги претстави новите дресови за следната сезона! (ФОТО+ВИДЕО)
СледноОва се двојките за 2.квалификациско коло во ЛШ!