Килијан Мбапе нема да биде во експедицијата на Реал Мадрид на летната турнеја по САД. Нешто што традиционално “кралевите“ прават последните години. Имено мега – ѕвездата која завчера беше промовирана на “Сантијаго Бернабеу“ како нов член на Реал, нема да биде подвргнат на операција на носот, повреда која ја заработи на ЕУРО 2024, но ќе работи под специјална програма.
Ова значи дека Карло Анчелоти нема да може да смета на Килијан на средбите против Милан, Барселона и Челзи кои се закажани да се играат во САД претстојните денови.
Се прават напори тој сепак да биде во тимот на Реал против Аталанта во Суперкупот кој се игра на 14 август.