Мејсон Гринвуд конечно го напушти Манчестер Јунајтед. Олимпик Марсеј го објави купување на крилниот напаѓач, каде Англичанецот го доби бројот 10.
Инсајдерот Фабрицио Романо тврди дека францускиот клуб ќе плати 26 милиони евра за фудбалерот, а уште 5 милиони се обезбедени во вид на бонуси. Марсеј исто така ќе им префрли половина од сумата на „црвените ѓаволи“ доколку играчот биде продаден во иднина.
Гринвуд минатата сезона ја мина во Хетафе и постигна 8 гола на 33 натпревари во шпанското првенство.