Пред две години Радески заедно со Спировски и Ристевски играше за Пјуник, сега заедно се во Струга ТЛ: Нема да биде лесно со Ерменците!

575

 

Откако Струга Трим Лум доживеа елиминација во 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите и тоа од силниот Слован, нашиот шампион продолжува во Лигата на Конференци во 2.квалификациско коло се среќава со Пјуник. Тоа е клуб од Ерменија кој е кошмар за нашите клубови. Познато е зошто. Победа, Тетекс, Вардар и Шкупи не му можеа ништо на Пјуник во изминатите две децении.Осум средби и шест порази и само две ремија на нашите клубови против ерменскиот гигант.

Јасно е дека Струга во овој двомеч ќе има тешка задача, а кога сме кај Пјуник да кажеме дека пред две години Марјан Радески, Стефан Спировски и Кире Ристевски заедно играа во Пјуник, а сега заедно играат за Струга ТЛ и ќе настапат против својот некогашен клуб.May be an image of 5 people, people playing soccer, people playing football and text

За тоа какви се шансите да се мине Пјуник, за “СпортСпорт“ коментира токму Радески:

“Да, точно е тоа дека јас, Стефан и Кире игравме заедно во Пјуник и многу добро знаеме за каков клуб, за каков тим станува збор. Добро знам дека досега ниту еден наш клуб не славел против Пјуник, за севкупен триумф и да не говорам. Пјуник е силен тим, клуб традиција, постојано игра во Европа и нема да биде лесно. Сепак јас мислам дека ако ние одиграме како што можеме, како што треба тогаш ќе можеме да го елиминираме тимот од Ерменија. Само треба Струга ТЛ да биде вистинската“ заклучи Радески.

ПретходноНадал после четири часа завери полуфинале, прво после 2022 година!
СледноРеал објави кога ќе биде промоцијата на Ендрик!