Расел Вестбрук најверојатно следната сезона ќе игра со Никола Јокиќ во Денвер Нагетс. Плејмејкерот синоќа беше испратен со трејд од Лос Анџелес Клиперс во Јута Џез, а „џезерите“ нема да го задржат во својот состав и Вестбрук ќе го откупи неговиот договор.
Тоа ќе му ја отвори вратата да стане слободен агент, а Адријан Војнаровски од ЕСПН објави дека Денвер е фаворит за да го добие во својот тим.
Инаку, Вестбрук е дел од трејдот што на Јута и носи избор на драфтот од вториот круг и кеш. Во спротивен правец кај Клиперси оди Крис Дан, кој ќе потпише тригодишен договор вреден вкупно 17 милиони долари.
Минатата сезона, Вестбрук имаше просек од 11,1 поен, 5,0 скока и 4,5 асистенции како дел од ЛА Клиперс. Денвер ќе биде шестиот тим во кариерата на Расел.