„Арсеналовиот Халанд“ заврши во Манчестер Јунајтед!

4471

Фудбалерот Чидо Мартин-Оби беше многу интересен за многумина. Баерн, Борусија Дортмунд, како и некои клубови од Премиер-лигата многу го посакуваа во своите редови бидејќи беше извесно дека нема да остане во Арсенал.

Овој фудбалер на крајот ќе заврши во Манчестер Јунајтед.

Оби-Мартин вчера беше во тренинг центарот на Манчестер Јунајтед, а при посетата негови водичи беа Руд ван Нистелрој и Стив Мекларен, па младиот 16-годишник сега е на прагот на Олд Трафорд.

Она што е неверојатно е дека ова момче има преку 200.000 следбеници на социјалните мрежи, па одамна е популарен меѓу помладата генерација.

Според информациите на многу скаути, ова момче најмногу наликува на Ерлинг Халанд поради неговиот стил на игра, па јасно е зошто им е интересен на голем број клубови.

ПретходноАнглија распиша оглас за нов селектор, еве што се бара од него!
СледноКултниот НБА тим се сели после 60 години