Вест Хем го враќа Канте во Премиер лигата

166

Вест Хем почна преговори со францускиот репрезентативец Н’Голо Канте за негово враќање во Премиер лигата. Според информациите на весникот „Гардијан“, „чеканите“ се подготвени да го купат Канте од Ал Итихад за 20 милиони фунти.

33-годишниот француски репрезентативен играч за врска одигра една сезона во Саудиска Арабија, откако претходно подолг период го носеше дресот на Челзи.

Преговорите се во тек, а самиот Канте е задоволен од својот сегашен клуб, но во исто време е подготвен да се врати во Лондон. Новиот тренер на Вест Хем, Хулен Лопетеги, интензивно работи на формирање на квалитетен тим кој ќе се бори за самиот врв во новата сезона на Премиер лигата.

ПретходноЖута се врати во Хрватска, ќе игра за Шибеник
СледноНаковски оптимист: Со Љафтов добиваме на квалитет пред квалификациите