Виеира може да седне на селекторската клупа во САД

50

Вчерашното заминување од тренерското место во Стразбур, може да значи дека Патрик Виеира веќе е во сериозни преговори за позицијата селектор на фудбалската репрезентација на САД. Инсајдерот Фабрицио Романо најави дека Виеира е еден од претендентите за селекторската функција на американската репрезентација.

Вчера стана јасно дека 48-годишниот француски стратег го напушти Стразбур по една година работа. Виеира веднаш доставил кандидатура до Федерацијата на САД која веќе се разгледува. Сепак, Виеира не е единствениот кандидат з аова апозиција. Во игра остануваат и неколку други имиња за кои Американците деновиве ќе го кажат финалниот збор.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Фереира застанува на голот на Вардар
СледноМладинките утре во Тирана против Црна Гора на стартот на БП