И дефинитивно Марк Кукуреља, шпанскиот бек кој беше еден од најдобрите на ЕУРО 2024, е човек од збор. Имено тој пред почетокот на ЕП даде ветување дека ако Шпанија биде европски првак, тој ќе ја смени фризурата, ќе го промени својот имиџ по кој беше познат на фудбалски терени, ќе ја фарба косата во црвено.
Тоа и го направи, па така неговата девојка на социјалните мрежи објави со каква фризура Кукуреља сега може да се пофали.