Некогашниот македонски репрезентативец, Леонард Жута е нов играч на хрватски Шибеник. Жута доаѓа во редовите на Шибеник од шведска Бромапојкарна.
Покрај за Бромапојкарна, Жута во кариерата настапуваше и за Вастра Фролунда, Хакен, Риека, Коњаспор, Лече и Валеренга.
Во Хрватска добро го познаваат од настапите за Риека каде го имаше златното доба во кариерата.
„Многу сум среќен што дојдов во Шибеник, во текот на кариерата многупати играв во Шубиќевац, но на спротивната страна. Знам дека ова е клуб со богата традиција, со верни навивачи“, изјавил Жута, кој стави параф на едногодишен договор.