Мајката на Мбапе најави тужба за ПСЖ ако не ги исплати сите плати

214

Мајката на француската суперѕвезда Килијан Мбапе вели дека би можеле да го тужат францускиот клуб Пари Сен Жермен доколку не го испочитува договорот со сега веќе новиот играч на Реал (М).

ПСЖ му должи на францускиот напаѓач 80 милиони евра по основ на плата. Најголем дел е бонусот ПСЖ го стави во договорот на Мбапе со Реал, а покрај тоа клубот му должи и плата за два месеци. ПСЖ се уште не му ја платил оваа сума, но мајката на Мбапе призна дека овој случај може да оди на суд.

„Овој случај се уште е во тек и сега се е во рацете на одговорните за случајот на Килијан. Сепак, верувам дека ПСЖ ќе го реши ова во блиска иднина. Добивме одговор од нив со писмо дека ќе се донесат некои одлуки. При развод, понекогаш треба да одлучите кој ќе го добие телевизорот, мебелот и автомобилот“, изјавила мајката на Мбапе.

ПретходноМладинците им се вратија на победите, ја совладаа Унгарија и ќе играат за 9-то место на ЕП
СледноУЕФА и официјално покрена истрага против Родри и Мората!