Младинците им се вратија на победите, ја совладаа Унгарија и ќе играат за 9-то место на ЕП

249

Македонската младинска репрезентација ќе игра за 9-тото место на Европското првенство, откако денеска ја совлада Унгарија со 26-27. За противник нашите момчиња ќе го имаат подобриот од дуелот меѓу Франција и Хрватска.

Узунчев со осум гола беше прв стрелец, зад него беше Карасманакис со пет гола, еден помалку постигна Калајџиески. Брестовац и Галевски имаа по шест одбрани. МВП признанието му припадна на Карасманакис.

Очекувано мечот почна неизвесно, видовме голема битка. Водството кое двете репрезентации го имаа не беше поголемо од еден гол, се до 23-та минута кога Карасманакис реализираше за 10-14. По последните плус два, Унгарија ги искористи трите исклучувања во последните шест минути и со серија од 4-0 на одморот замина со позитива од два гола. Галевски запиша шест одбрани.

На стартот на второто полувреме противникот зголеми на плус три 18-15. Добра одбрана и исклучување во редовите на Унгарија ги врати нашите момчиња целосно во игра, Узунчев, Субашевски и Калајџиески израмни на 19-18 пред 40-та минута. Брестовац влезе на местото на Глаевски, запиша прв одбрана, а Митев го врати водството (19-20).

На средината на вториот дел, младинците не искористија нова одбрана на Брестовац за плус два, но тоа го сторија во следните два напади за 20-23 во 49-тата минута. Нашите ракометари успеаја да ја одржуваат позитивата од три гола до 54-та минута, Унгарија остана со играч помалку, а Македонија не реализираше двапати. Казната стигна за 24-25, Брестовац спречи израмнување, а Узунчев зголеми на 24-26. На две и пол минути до крајот, Белистојановски заработи две минути исклучување. Узунчев постигна важен гол за 24-27 и ја најави победата на Македонија.

ПретходноВардар и официјално се пофали со Чунга Петрески! (ФОТО)
СледноМајката на Мбапе најави тужба за ПСЖ ако не ги исплати сите плати