Младинците ќе имаат шанса да и се реваншираат на Франција

208

Македонската младинска репрезентација го доби противникот во битката за пласман на деветтото место на Европското првенство. Станува збор за познат ривал, селекцијата на Франција која им го нанесе првиот пораз на „црвено-жолтите“.

„Триколорите“ славеа против Хрватска со 29-26, иако „коцкестите“ имаа позитива од четири гола на полувреме.

Франција и Македонија се сретнаа во групната фаза во средната рунда, а нашите ракометари беа поразени со 25-18.

Натпреварот меѓу Македонија и Франција ќе се игра в недела од 14:20 часот.

ПретходноСане се враќа во Премиер-лигата, ама не во Сити?!
СледноУрнбесно: Кога малиот брат на Јамал се исплаши од Нико Вилијамс! (ВИДЕО)