Надал после четири часа завери полуфинале, прво после 2022 година!

118

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот во Баштад. Тој славеше над Аргентинецот Мариано Навоне со 2-1, по сетови 6-7, 7-5 и 7-5. Ова е прво полуфинале за Надал после 2022 година на Вимблдон.

Надал со оваа победа докажа дека е на високо ниво и дека со голема самодоверба оди на Олимписките игри во Париз.

Шпанецот до победата дојде после четири часа игра, со пресврт по загубениот прв сет. И следните два сета траеја повеќе од еден час, но во нив Надал успеа да го освои последниот гем и да избегне тај-брејк.

Во полуфиналето Надал за противник ќе ја има хрватската сензација Дује Ајдуковиќ.

ПретходноТотално фијаско: Шкендија некогаш играше со Милан, Салцбург, Тотенхем…а сега не може ни првото коло да го мине во Европа!
СледноПред две години Радески заедно со Спировски и Ристевски играше за Пјуник, сега заедно се во Струга ТЛ: Нема да биде лесно со Ерменците!