Наковски оптимист: Со Љафтов добиваме на квалитет пред квалификациите

110

Македонските одбојкари засилено ги продолжуваат подготовките во Маврово пред стартот на новиот квалификациски циклус за ЕП 2026. Селекторот Хари Наковски вели дека со враќањето на искусниот Александар Љафтов репрезентацијата која настапи летово во Европската Златна лига ќе добие на дополнителен квалитет.

„Уште со учеството на европската Златна лига ги почнавме подготовките за овие квалификации. Што се однесува до играчкиот кадар, се враќа во националниот тим Александар Љафтов кој со своето искуство ќе биде голем плус за нас. Искусно име кое во минатото беше еден од столбовите на нашата репрезентација. Не беше со нас на натпреварите од Златната лига и да бидеме искрени се почувствува неговото отсуство, па сега очекувам со неговиот квалитет да добиеме едни подобри димензии на националниот тим“, истакна Наковски.

Одбојкарите до 26 јули остануваат во Маврово по што ќе заминат на првите контролни дуели со Црна Гора.

ПретходноВест Хем го враќа Канте во Премиер лигата
СледноРасел Вестбрук оди во Денвер Нагетс