ОФИЦИЈАЛНО: Фереира застанува на голот на Вардар

127

Ракометниот клуб Вардар денеска и официјално го потврди новото голманско засилување во името на Мигел Еспиња Фереира (30), кој потпиша договор со клубот на една година со можност за продолжување.

Фереира доаѓа од АСОБАЛ лигата и ќе му биде колега на Васил Гогов, кој исто така останува меѓу „црвено-црните“. Фереира потекнува од Бенфика и долго време беше дел од првиот и вториот тим на клубот од Лисабон, а бранеше и во Мануел Пасос и Белененсес, пред да стане интернационалец.

Во 2020 замина во Шпанија, каде што настапуваше за Уеска една сезона, потоа две години мина во францускиот Сесон Рен, а лани се врати во Асобал и една сезона мина во Сиудад Енкантада Куенка.

„Многу сум среќен и горд што доаѓам во таков историски клуб каков што е Варвар. Со нетрпение очекувам да ја почувствувам атмосферата во вардаровата сала со поддршка од неговите неверојатни навивачи. Сакам да им помогнам на моите соиграчи да ги постигнат целите на клубот во Европа и првенството. Се гледаме наскоро“, изјави Фереира.

Тој ќе им се приклучи на подготовките на тимот и ќе се подготвува за првите два турнири на кои Вардар ќе настапи, во Струга и во Охрид.

ПретходноJамал побарал корекција во договорот со Барса и поголема плата
СледноВиеира може да седне на селекторската клупа во САД