По Јоро, Мендеш го носи и Угарте на „Олд Трафорд“

1042

Мануел Угарте се договорил со Манчестер Јунајтед за трансфер на „Олд Трафорд“. Последните информации од Фабрицио Романо, велат дека англискиот клуб ги договорил условите од договорот со играчот од средниот ред на ПСЖ.

Фудбалерот сака да се пресели во Јунајтед, но ќе мора да почека до целосно завршување на преговорите меѓу клубовите.

Според последните информации засега ПСЖ и Манчестер Ј. се уште не се договориле за трансферната цена и начинот на кој Угарте би го облекол дресот на наглискиот клуб. За Угарте интерес имаше и од неколку други екипи, но засега само Манчестер Ј. има конкретна понуда.

Интересите на Угарте ги застапува Жорге Мендеш, истиот агент кој соработува со Лени Јоро, кој од Лил веќе го договори трансферот во Манчестер Јунајтед.

ПретходноВардар 1961 ги доби противниците во Европската Лига
СледноОсудениот педофил, сепак, ќе настапи на ЛОИ во Париз