Претседателот на Атлетико Мадрид за Мбапе: Не сум загрижен, ние освоивме две титули против Меси и Кристијано!

868

Факт е дека со новите имиња како Мбапе и Ендрик, силниот Реал Мадрид ќе биде уште посилен. Исто така е факт дека “кралевите“ ќе бидат апсолутни фаворити за пехарот во Ла Лига и “ушлето“ во Лигата на Шампионите за следната сезона.

Јасно е дека Барса е далеку од Реал Мадрид, исто така далеку е и Атлетико Мадрид, но претседателот на “јорганџиите“, Енрике Серезо, не е премногу загрижен за трансферот на Мбапе во таборот на градскиот ривал.

„Секој клуб си работи според своите принципи и според своите можности. Немам што многу да говорам за Мбапе и неговит трансфер во Реал Мадрид, не сум загрижен. Јас сум задоволен како работи нашиот клуб во последните 12 години. Сепак, кога станува збор за Мбапе,па, ние освоивме две титули во Ла Лига против Барса на Меси и против Реал на Кристијано Роналдо“ посочи првиот човек на Атлетико Мадрид.

ПретходноУрнбесно: Кога малиот брат на Јамал се исплаши од Нико Вилијамс! (ВИДЕО)
СледноЈуниорите подобри од Швајцарија на контролата во Гевгелија