Тотално фијаско: Шкендија некогаш играше со Милан, Салцбург, Тотенхем…а сега не може ни првото коло да го мине во Европа!

889

Пишува: Зоран Ѓоршоски

 

Да,тотално фијаско. Лани испадна од Хаверфордвест, оваа сезона од Ноа. Значи Шкендија две лета по ред не може да го мине првото квалификациско коло во Лигата на Конференции, да не говориме за нешто друго. Ако до пред некоја година тетовци си ги “мачкаа“ ривалите од типот на Шериф, Нефчи, Млада Болеслав, Краковија, ако некогаш Шкендија им беше домаќин на гиганти од типот на Милан, Салцбург, Тотенхен, Гент, Розенборг, Абердин, Партизан, со некои од овие и се надигруваше, сега е очај. Иако според коефициентот кој мактрпно го билдаше цела една деценија, беше носител во првите две кола, Шкендија и лани и ова лето одигра кататсрофално во Европа и затоа е најголемото разочарување.

Јасно беше дека Струга ТЛ немаше што да бара со Слован, јасно беше дека Тиквеш како дебитант не може да се носи со Бреидаблик кој лани играше во групната фаза. Исто така јасно е дека Ноа има поголем буџет од Шкендија, ама на двете средби против Ерменците да бидеш поразен, да немаш ни минимална шанса да се заканиш за евентуална победа, е тогаш навистина е проблем.

Шкендија веќе неколку години по ред важи за наш најбогат клуб, со најголем буџет. Но Шкендија веќе три сезони не може да дојде до шампионскиот пехар иако има поголем буџет од Струга ТЛ и Шкупи заедно, барем неофицијално, и Шкендија во изминатите три сезони не може да се врати на тронот.

Несфатливо.

И затоа “Балистите“ се во право кога бараат одговори од спонзорот „Еколог“ зошто клубот се наоѓа во ваква ситуација. Не се проблем парите, проблемот е во тоа што нешто “смрди“ во самиот клуб. Проблемот е во тоа што некои работи треба подобро да се менаџираат.

Ако лани летото потписникот на овие редови сметаше дека за раната елиминација виновен беше само тренерот Ардијан Нухиу, по цела една година и повеќе се чини дека проблемиот не бил ни во Ардијан, ни во Ѓока, ни во Јетон, туку на друго место.

Сепак, тоа е работа на самата Шкендија, наше е само да укажеме, дадеме свое мислење, да го искажиме својот став.

Вака повеќе не оди.

Шкендија не е она што беше. За жал за армијата фанови на “црвено – црните“.

ПретходноУЕФА ги објави термините за двомечот меѓу Струга ТЛ и Пјуник, познати се и судиите!
СледноНадал после четири часа завери полуфинале, прво после 2022 година!