Познато е дека нашиот шампион во 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции ќе ги одмери силите со Пјуник, најголемиот и најтрофеен ерменски клуб. Попладнево УЕФА ги објави и термините, како и судиите за овој двомеч.
Првиот дуел се игра на „Билјанини Извори“ во Охрид, и тоа во среда (24.07.2024) со почеток од 17 часот. Судија ќе биде Луис Тешеира од Андора.
Возвратниот меч се игра во Ерменија, во Ереван на познатиот стадион “Вазган Саргасјан“ со почеток од 18 часот по македонско време. На овој натпревар главен судија ќе биде Сигурд Крингстад од Норвешка.