Јуниорите подобри од Швајцарија на контролата во Гевгелија

53

Нашиот национален тим „Под 18“ години стигна до првиот триумф во периодот на подготовките, славеше против Швајцарија со резултат (67:62).

Сосема добар почеток имаа младите кошаркари, по првите десет минути направија предност од (22:15). Добрата игра ја продолжија и во втоориот период, во кој успеаја таа разлика да ја зголемат на предност од 16.поени (38:22) на одморот.

На почетокот од последниот дел, гостите од Швајцарија се доближија, имаа и негатива од само шест поени (54:60), која ја забележаа во 34.минута од играта.  Имавме одговор за тој напад на противникот, на 3:20 минути пред крајот, поведовме со (66:58).

А последните 60 секунди од оваа проверка дветте селекции ги дочекаа со резултат (66:61). Но реализираа само по еден поен, па победтаа остана за нашата јуниорска селекција, за нив прва во подготвителниот период, по поразите во дуелите со Црна Гора и со Романија (на гостински терен).

ПретходноПретседателот на Атлетико Мадрид за Мбапе: Не сум загрижен, ние освоивме две титули против Меси и Кристијано!
СледноТен Хег призна дека има расправии со новите сопственици на Манчестер Јунајтед