Барселона ќе се обиде да преговара за нов договор со младата ѕвезда на шпанскиот фудбал, Ламине Јамал.
Играчот, кој неодамна го прослави својот 17-ти роденден, ги покажа своите импресивни настапи со триумфот со Шпанија на Евро 2024 година.
Според каталонскиот венсик „Спорт“, агентот Жорге Мендеш побарал од Барселона да направи корекции на договорот со Јамал, со оглед на неговата зголемена репутација во светскиот фудбал.
Претседателот на Каталонците, Жоан Лапорта вели дека ја разбира ситуацијата и вети дека ќе преземе мерки кои ќе ги задоволат сите страни. Актуелниот договор на Ламине Јамал со Барселона е до 2026 година.