Jамал побарал корекција во договорот со Барса и поголема плата

1420

Барселона ќе се обиде да преговара за нов договор со младата ѕвезда на шпанскиот фудбал, Ламине Јамал.

Играчот, кој неодамна го прослави својот 17-ти роденден, ги покажа своите импресивни настапи со триумфот со Шпанија на Евро 2024 година.

Според каталонскиот венсик „Спорт“, агентот Жорге Мендеш побарал од Барселона да направи корекции на договорот со Јамал, со оглед на неговата зголемена репутација во светскиот фудбал.

Претседателот на Каталонците, Жоан Лапорта вели дека ја разбира ситуацијата и вети дека ќе преземе мерки кои ќе ги задоволат сите страни. Актуелниот договор на Ламине Јамал со Барселона е до 2026 година.

ПретходноРасел Вестбрук оди во Денвер Нагетс
СледноОФИЦИЈАЛНО: Фереира застанува на голот на Вардар