Вардар 1961 ги доби противниците во Европската Лига

216

Македонскиот вицепрвак, Вардар 1961 ги доби противниците во групната фаза во Европската лига. „Црвено-црните“ се најдоа во групата Ф. Тие ќе играат против поранешниот тим на Никола Митревски, Порто. Вардарци ќе ги одмерат силите против подобриот од квалификациските дуели меѓу Мелсунген/Елеверум и Валор/Винковци. Вистинските имиња на противниците од квалификациското коло ќе го дознаат на почетокот на септември. Додека пак сезоната стартува на 7 или 8 октомври.

Минатата сезона Вардар 1961 играше квалифкациско коло, но беше елиминиран.

Владо Недановски и неговите момци ги започнаа подготовките за новата сезона со доста промени во составот.

Во групната фаза ќе игра и Филип Талески и неговата Бенфика, тие се во групата Ц заедно со Кадетен, Татран и подобриот од Требње/Лимож.

Група Ф: Порто, Вардар 1961, Мелсунген/Елверум, Валор/Винковци

Група Ц: Кадетен, Татран Прешов, Бенфика, Требње/Лимож

 

ПретходноДанска му врачи отказ на селекторот Хјумланд
СледноПо Јоро, Мендеш го носи и Угарте на „Олд Трафорд“