Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот во Баштад. Тој славеше над Аргентинецот Мариано Навоне со 2-1, по сетови 6-7, 7-5 и 7-5. Ова е прво полуфинале за Надал после 2022 година на Вимблдон.
Надал со оваа победа докажа дека е на високо ниво и дека со голема самодоверба оди на Олимписките игри во Париз.
Шпанецот до победата дојде после четири часа игра, со пресврт по загубениот прв сет. И следните два сета траеја повеќе од еден час, но во нив Надал успеа да го освои последниот гем и да избегне тај-брејк.
Во полуфиналето Надал за противник ќе ја има хрватската сензација Дује Ајдуковиќ.