Осудениот педофил, сепак, ќе настапи на ЛОИ во Париз

199

Стивен ван де Велде (29) холандски олимпиец во натпреварите во одбојка на плажа, иако помина три години во затвор поради силување на 12-годишно девојче, сепак, ќе оди на ЛОИ во Париз.

Холандскиот олимписки комитет објави дека Ван де Велде нема да биде сместен во олимпиското село со другите спортисти, туку ќе добие посебна локација и нема да има пристап до новинарите за време на Игрите. Холанѓаните сакаат да обезбедат мир меѓу себе и другите конкуренти.

Директорот на Холандската одбојкарска асоцијација потврди дека Стивен денес е целосно реинтегриран во холандската одбојкарска заедница и тој ќе оди на Олимпијадата.

„Ја знаеме историјата на Стивен. Тој беше осуден според англискиот закон и ја отслужи казната. Оттогаш сме во постојан контакт со него, а Стивен сега е целосно реинтегриран во холандската одбојкарска заедница“, вели директорот Мишел Еверарт.

ПретходноПо Јоро, Мендеш го носи и Угарте на „Олд Трафорд“
СледноМладинците на мегдан со Унгарија (ЛИНК)