Расел Вестбрук оди во Денвер Нагетс

91

Расел Вестбрук најверојатно следната сезона ќе игра со Никола Јокиќ во Денвер Нагетс. Плејмејкерот синоќа беше испратен со трејд од Лос Анџелес Клиперс во Јута Џез, а „џезерите“ нема да го задржат во својот состав и Вестбрук ќе го откупи неговиот договор.

Тоа ќе му ја отвори вратата да стане слободен агент, а Адријан Војнаровски од ЕСПН објави дека Денвер е фаворит за да го добие во својот тим.

Инаку, Вестбрук е дел од трејдот што на Јута и носи избор на драфтот од вториот круг и кеш. Во спротивен правец кај Клиперси оди Крис Дан, кој ќе потпише тригодишен договор вреден вкупно 17 милиони долари.

Минатата сезона, Вестбрук имаше просек од 11,1 поен, 5,0 скока и 4,5 асистенции како дел од ЛА Клиперс. Денвер ќе биде шестиот тим во кариерата на Расел.

ПретходноНаковски оптимист: Со Љафтов добиваме на квалитет пред квалификациите
СледноJамал побарал корекција во договорот со Барса и поголема плата