УЕФА и официјално покрена истрага против Родри и Мората!

2052

Родри и Мората се соочуваат со суспензија од по два меча.Имено како што беше најавувано, од попладнево е и официјално. УЕФА објави дека против двајцата репрезентативци на Шпанија е покрената истрага и тоа поради повиците – “Гибралтар е шпански“, на прославата во Мадрид по повод освојувањето на титулата на ЕУРО 2024.

По тој скандал се огласи и самата УЕФА, потоа и Фудбалскиот сојуз на Гибралтар побара казни за тие што извикуваа.

Сега останува да се види дали Родри и Мората навистина ќе бидат суспендирани и колкава ќе биде казната.

ПретходноМајката на Мбапе најави тужба за ПСЖ ако не ги исплати сите плати
СледноУЕФА ги објави термините за двомечот меѓу Струга ТЛ и Пјуник, познати се и судиите!