Ракометниот суперлигаш Бутел го објави трансферот на средниот бек Леонид Киселовски.
Киселовски има 21 година (180/81) и доаѓа од тимот на Скопје, каде што настапуваше последните четири сезони. Кариерата ја започна во тимот на Аеродром, а беше дел и од младинските категории на Пролет и Вардар.
„Ме привлече ростерот со млади перспективни играчи и систем на работа кој се залага за нивен напредок. Амбициозен клуб кој има високи цели како излев во Европа и осигурување на едно од првите пет места“, изјави Киселовски по потписот.
Претходно Бутел Скопје ги засили своите редови со пивотите Матеј Новаковски и Драган Шољиќ, левите бекови Теодор Тодоски, Хусеин Валид Кадах и Тодор Узунчев и десните бекови Мартин Петровски и Димитар Узунчев.