Напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку, е очаен повторно да соработува со Антонио Конте, тврди Фабрицио Романо.
Лукаку е подготвен да ја намали платата од 11 милиони евра на шест милиони за да потпише за Наполи. Но, тој трансфер ќе зависи од преговорите меѓу Челзи и Наполи, но и од преговорите меѓу Наполи и ПСЖ околу Виктор Осимен, кој моментално првиот напаѓач на Наполи.
Доколку се оставарат најавите од утринава дека Осмимен ги договорил условите со францускиот тим и дека останува само наполи да се согласи на 100 милиони евра откупна сума, во тој случај Лукаку би можел да го облече дресот на Наполи.