Рафаел Надал успеа да стигне до своето прво АТП финале по повеќе од две години. Поранешниот тенисер број еден во светот ќе се бори за пехарот на турнирот во Баштад, Шведска, откако во полуфиналето го совлада Дује Ајдуковиќ од Хрватска со 4:6, 6:3, 6:4 по одличен борба и голем пресврт.
Така Рафа ќе игра за трофејот првпат по финалето на Ролан Гарос 2022 година, кога го совлада Каспер Руд.
Во четвртфиналето му требаа четири часа, а сега во полуфиналето нешто повеќе од два, поточно 133 минути да го совлада 130. тенисер на АТП листата.