Алкараз: Кој е најдобриот тенисер на сите времиња? Според бројките нема дилеми!

1109

Карлос Алкараз минатиот викенд по втор пат по ред го освои Вимблдон. Во финалето 21-годишниот Шпанец го победи Новак Ѓоковиќ и на тој начин стигна до својот четврти грен слем. Набргу по освојувањето на Вимблдон, Алкараз даде интервју за официјалната страница на АТП турнејата.

Во интервјуто тој беше запрашан кој е најдобриот тенисер на сите времиња.

„Кога зборуваме за бројки, Новак Ѓоковиќ, нема дилема во тоа. Но и другите двајца Федерер и Рафа ми се на врвот“, одговори младиот Шпанец.

Што се однесува до другите теми, Алкараз рече дека Френсис Тиафо е најдуховит тенисер, а Холгер Рун е најголем провокатор, а Алекс Де Минаур е најпотценет играч, а Стефанос Циципас има најдобар форхенд.

ПретходноКултниот НБА тим се сели после 60 години
СледноАдмир Мехмеди ќе биде нов спортски директор на Шкендија