Анри е најблиску до селекторското место во САД

90

Поранешниот репрезентативец на Франција, Тиери Анри би можел да стане нов селектор на САД, објави Фабрицио Романо.

Големата ѕвезда на Арсенал може да биде назначен на функцијата веднаш по Олимпијадата во Париз. Анри моментално е на чело на младинската репрезентација на Франција која ќе учествува на претстојниот турнир.

Претходно, 50-годишниот Американец Грег Берхалтер беше отпуштен од функцијата селектор на САД, откако тимот не успеа да стигне до елиминациите на Копа Америка.

ПретходноФантастичен гол на Бабунски за Данди Јунајтед! (ВИДЕО)
СледноНовакот Закариќ со хет – трик, Вардар со победа во Словенија!