Атлетико Мадрид го загуби Алваро Мората кој направи трансфер во Милан како слободен играч. Тимот остана и без Мемфис Депај, па сега стратегот Диего Симеоне е во потрага по нов напаѓач.
Според „Мундо Депортиво“ неговиот прв избор е неговиот сонародник Хулијан Алварез од Манчестер Сити.
24-годишниот фудбалер често беше во сенка на Ерлинг Халанд и многу пати се пишуваше на оваа тема и за неговото незадоволство. Минатата сезона постигна 19 гола на 54 настапи, па на Атлетико нема да му биде лесно да го реализира трансферот.
Овој играч според Трансфермаркт има вредност од 90 милиони евра, на потег е Атлетико.