Голем малер – Егзум се повреди пред ОИ

117

Австралискиот репрезентативец Данте Екзум имаше незгода на натпреварот против Порторико во последната проверка пред Олимписките игри.

Кошаркарот на Далас Маверикс падна на подот и со глава го удри во коленото на соиграчот. Потенцијално многу опасна ситуација заврши со релативно позитивен исход со тоа што тој не ја изгуби свеста и не се здоби со малку посериозна повреда.

Тој не се врати на паркетот до крајот на мечот, но дуелот го дочека во цивилна облека. Повредите на главата се секогаш многу незгодни и треба да се следат од ден на ден.

Австралија лесно победи со 90:75 на последната подготовка пред дуелите со Канада, Шпанија и Грција во групната фаза.

ПретходноВини Жуниор доби восочна фигура во „Мадам Тисо“, па реши да ги плаши посетителите (ВИДЕО)
СледноЈапонците не простуваат: Најдобрата гимнастичарка нема да оди во Париз бидејќи пушела и пиела алкохол