Дестани лично ќе ја “ресетира“ Шкендија, прв потег е ангажманот на Мехмеди за спортски директор!

833

И дефинитивно вака повеќе не оди. Она за што “СпортСпорт“ низ коментар вчера го пишуваше, се чини дека “ресетирањето“ на Шкендија веќе е започнато и тоа лично од страна на сопственикот на клубот Лазим Дестани, сопственикот на “Еколог“ кој е спонзор на тетовскиот клуб.

По се изгледа дека и него му дојде преку глава Шкендија да нема титула три години, две сезони по ред да доживува елиминаци уште на стартот во Европа а неговиот клуб да го има убедливо најголемиот буџет во Македонија во било кој спорт, а посебно во фудбалот.

Дестани пред неколку дена имал кафе – муабет со легендарниот Адмир Мехмеди, роден во Гостивар и некогашен швајцарски фудбалер, големо име и во фудбалска Европа. Како што велат шпекулациите Дестани му понудил на Мехмеди да дојде во Шкендија и да ги среди работите во клубот.

No description available.

Факт е дека во Шкендија во изминатите три години се направени многу грешки, овој клуб не е веќе страв и трепет во Македонија, иако троши милиони и милиони, па така Дестани сака да воспостави ред.

Инаку денеска се појавија шпекулации дека клубот размислува да го врати и Неби Мустафи во раководството. Останува да видиме како ќе се одвиваат работите во следните неколку дена.

Се разбира дека газда Лазим е на потег.

Фото: Instagram

ПретходноЛандо Норис стартува прв на Хунгароринг, Верстапен само трет
Следно“Македонецот“ Кулушевски се враќа во Серија А, ама ќе игра за Наполи?!