Дурент се врати на тренинзи, ќе биде подготвен за ЛОИ во Париз

41

Кевин Дурент се врати на тренинзи во селекцијата на САД и ќе биде подготвен за настап на ЛОИ во Париз.

Откако ги пропушти почетните пријателски натпревари со репрезентацијата на САД во пресрет на Олимписките игри поради повреда на десната потколеница, напаѓачот на Феникс Санс ги продолжи тренинзите и се очекува да игра на претстојните натпревари.

Вчера Дурент беше виден како тренира со значителен ентузијазам заедно со своите соиграчи, и се чини дека ќе дебитира на некој од подготвителните средби до стартот на Игрите во Париз. Селекторот на тимот, Стив Кер, сега се надева дека ќе го вклучи на денешниот натпревар против Јужен Судан или оној в понеделник против Германија, двата во О2 Арената во Лондон.

ПретходноЈапонците не простуваат: Најдобрата гимнастичарка нема да оди во Париз бидејќи пушела и пиела алкохол
СледноЛандо Норис стартува прв на Хунгароринг, Верстапен само трет