Зарков се врати во Битола и седна на клупата на Е. Пелистер 2

145

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер 2 денеска објави дека нов тренер на тимот ќе биде Александар Зарков. Вториот состав на битолчани се надева дека следната сезона ќе ја оствари целта, враќање во Суперлигата.

Зарков по кратката епизода во Грција се врати во Битола и ќе продолжи да работи со млади ракометари. Тој има акумулирано тренерско искуство во нашите лиги, а посебно во работа со ракометари во развој.

Неговото претставување е предвидено за 24 јули, кога е официјалната прозивка на екипата на Еурофарм Пелистер 2.

ПретходноНајдовски не е тешко повреден, ќе се лекува во Скопје и ќе биде спремен за стартот на сезоната!
СледноНадал по две години повторно ќе игра финале!