Македонската кошаркарска репрезентација не успеа да дојде до победа на важниот меч против Исланд, беше совладана со убедливи 116-87. За избраниците на Боро Смилковски ова беше шести пораз и сега ќе играат за 15-место на Европското првенство кое се одржува во Полска. Ова значи дека се враќаат во Б “Дивизија“ вистинското место во овој момент за една македонската генерација. Противник ќе биде поразениот од Црна Гора и Турција.
Нашите кошаркари до 20 години имаа сили за една четвртина, по првите десет минути воедоа со 14-20 и тука застанаа. Следеа два бурни периоди за противникот, во втората четвртина Исланд даде 32 поени, додека по одморот го наполни кошот на Македонија со 43 поени. Сето ова беше доволно за да поведе со 89-63 и да го приведе дуелот во своја корист без никаков проблем.
Шошкиќ имаше 19 поени, два помалку Јовановиќ, додека Иванов запиша 15 поени.