Ландо Норис стартува прв на Хунгароринг, Верстапен само трет

118

Возачот на Мекларен Ландо Норис ќе стартува од пол-позицијата за Големата награда на Унгарија. Првиот стартен ред го комплетира неговиот тимски колега Оскар Пјастри, додека  актуелниот шампион Макс Верстапен ќе почне од третото стартно место.

Исходот од квалификациите го реши Јуки Цунода на две минути пред крајот. Возачот на РБ малку пошироко излезе од свиокот 3, поминал преку рабникот, по што се појавија и црвени знамиња напатеката.

Додека стјуардите ги чистеа остатоците од хаварисаниот болид, на Хунгароринг почна да врне дожд пред да продолжи сесијата. Норис и Пјастри од Мекларен ги заземаа водечките позиции пред паузата, а по нив беа Верстапен и Саинц.

ПретходноДурент се врати на тренинзи, ќе биде подготвен за ЛОИ во Париз
СледноДестани лично ќе ја “ресетира“ Шкендија, прв потег е ангажманот на Мехмеди за спортски директор!