САД – Ј. Судан 101:100. Ова е епилогот од вечерашниот пријателски меч во Лондон во пресрет на ОИ во Париз. Малку недостигаше да се испише историја и селекцијата на Ј. Судан да слави над тимот составен од мега – ѕвездите на НБА.
На полувреме Ј. Судан водеше со 58:44, но во продолжението Леброн и компанија одиграа како што треба и дојдоа до водство кое го одржуваа до последната минута од оваа средба. И тогаш драма, на десетина секунди до крајот Ј. Судан поведе со 100:99, но Леброн со соло акција го врати водство на 101:100.
На Ј. Судан му остана осум секунди во последниот напад. Имаа шут, но не погодија, но се чини дека во битката под кошот судиите мораа да досудат фаул против Американците, тоа не го сторија па така САД победи.
Интересно Ј. Судан на кошаркарскиот турнир на ОИ во Париз е во иста група со САД и Србија.